Државната секретарка Дрита Абдиу-Халили од Секретаријатот за европски прашања на РСМ учествуваше на конференцијата „Демократизацијата и улогата на парламентите во земјите на Западен Балкан“, во организација на Институтот Аспен – Сојузна Република Германија, што се одржа во Берлин – Германија од 21 до 24 јуни.
Тема на оваа неколкудневна конференција беше демократизацијата на политичките процеси во земјите од Западен Балкан, преку зајакнување на улогата на парламентите како многу важна компонента во градењето на чврсти и одржливи демократски општества.