Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки завчера оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, г-дин Флориан Ќехаја.
На средбата изразено обостраното задоволство за одличната меѓусебна комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, соработката во повеќе области од заемен интерес,. Потврдена е заедничката посветеност кон европските принципи.
Средбата беше искористена за размена на мислења и разгледување на можностите за унапредување на билатералната соработка, која се остварува веќе со значаен интензитет и содржини преку конкретни проекти и иницијативи. Таквата постојна состојба ќе ги потврди и ќе ја поттикне заемната волја за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Заедничка беше констатацијата дека економската соработка претставува еден од приоритетите во надворешната политика на двете земји, област каде постојат можности и неискористени капацитети за натамошен развој во насока на постигнување економски развој на двете земји и регионот во целост, а со тоа и подигнување на стандардот на граѓаните. Посебно беше подвлечена неопходноста од интензивирање на соработката во реализација на проекти за инфрастуктурно поврзување, но и во други области, трговијата, туризмот, културата, образованието.