Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.
Министерката Тренчевска ја истакна важноста и приоритетот на Владата и Министерството за труд и социјална политика кога станува збор унапредувањето на детската заштита.
Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која започна на почетокот на месец јуни, има за цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството“ рече Тренчевска.
Таа истакна дека кампањите се еден од најефикасните начини да се допре до сите чинители во државата со цел да се информираат и поттикнат потенцијалните згрижувачи и да се обезбеди топол дом за децата на кои тоа им недостига.
Министерката се осврна на долгогодишниот партнер на Министерството за труд и социјална политика ПУ СОС Детско село кој има воспоставено Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамките на установата.
„Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на ПУ СОС Детско село е трет ваков центар во државата, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври„- Скопје и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во моментот во државата има 350 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 600 корисници“ изјави Тренчевска.
На крајот Тренчевска ги повика сите граѓани, кои ги исполнуваат условите за згрижувачко семејство, да се пријават и овозможат двојна среќа и топол дом.
Извор: Влада