На 23 и 24 јуни 2022 во Пили, Грција се одржа првиот состанок на Комитетот за прекугранично управување со Преспа Паркот и првиот состанок на Работната група за управување со водите.
Средбите се реализирани со поддршка на Европската Унијан и се почеток на официјалната соработка меѓу државите што го делат Преспанскиот басен и ЕУ. Ова е прво среќавање на претставници од Европската комисија, на претставниците на Албанија, Грција и Северна Македонија, локалните власти, невладините организации и телата за управување со заштитените подрачја кои се наоѓаат во паркот Преспа, како и меѓународните набљудувачи по стапувањето во сила на Договор за заштита и одржлив развој на подрачјето на Паркот Преспа.
На средбите имаа повеќе конститувен карактер и на нив беа презентирани и се усвоени:
- Деловникот за работа работните тела, вклучително и Секретаријатот на Комитетот за управување со Преспа Паркот
- Патоказ за спроведување на Договор за заштита и одржлив развој на подрачјето на Паркот Преспа (2022- 2024)
- Предлог Акциски План за 2022- 2023 за спроведување на истиот
- Проекти реализирани во овој регион
Иако и првичниот состанок на Работната група за управување со водите беше со конститутивен карактер (без навлегување длабински во сите клучни теми за заштитата на Преспа и одржливиот развој на регионот) сепак на него се дискутираше и за еколошката состојба на Преспанското Езеро, при што се направи предлог-список на приоритетни активности за надминување на состојбата (меѓу кои заеднички мониторинг на Езерото, анализа на намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро, итн.). Во рок од две недели истиот ќе биде финализиран и одобрен од страна на ово тело.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање