spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување...

Владата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со европратениците Ирена Јовева и Владимир Билчик, на која се разговараше за тековните реформи во делот на спроведување на политики за добро владеење.

На состанокот, на кој присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, особено беше нагласена важноста на политичката поддршка, но и експертиза која доаѓа преку ЕУ фондовите, при реализација на реформските процеси во земјата.

Вицепремиерката Грковска истакна дека и покрај бугарското вето Северна Македонија ги продолжува реформите дома. Владата на Северна Македонија е посветена да изгради општество со професионални, ефикасни, транспарентни и одговорни институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните.

„Мојата работа како вицепремиерка за политики за добро владеење е фокусирана на воспоставување на системски и долгорочни решенија. Кабинетот за креирање на политики се заснова на три главни столба, дигитална трансформација на општеството, транспарентни и ефикасни институции и развивање на антикорупциски политики. Воспоставивме партнерски односи и соработка со министерствата, како и со Државната антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки, како и со граѓанските организации“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Европратеничката Ирена Јовева, која доаѓа од Словенија, а има македонско потекло, истакна дека Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите и изрази оптимизам дека тоа набрзо ќе се случи. Европратеникот Владимир Билчик исто така ја нагласи поддршката и истакна дека е важно политичкиот дијалог да продолжи, кога се во прашање стратешките интереси на државата, како што е европската интеграција.

Соговорниците разменија мислења и за работата на администрацијата и за процесот на дигиталната трансформација на општеството.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте