Вчера градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го промовираше третиот од седумте капитални инфраструктурни проекти во рамките на роденденската седмица на Општина Кисела Вода.
Се работи за изградба на фекална канализација на улицата “Петар Драпшин” во должина од 1350 метри со што се решава еден голем проблем на жителите на урбаната заедница 11 Октомври бараки.
-Продолжуваме со промоцијата на третиот од седумте капитални инфраструктурни проекти во рамките на роденденската седмица на Општина Кисела Вода. Ако во првите два дена отворивме нов парк и финализиравме со санација на три клучни улици, денес реализираме проект за изградба на подземна инфраструктура. Се наоѓаме на улицата “Петар Драпшин” во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, каде се гради фекална канализација. До крајот на јули, жителите на овој дел од општината ќе ги надминат досегашните проблеми кои ги имаа поради малиот профил на цевките од постојниот канализационен систем. Новата фекална канализциона мрежа во должина од 1350 метри со 29 нови шахти ќе може да одговори на густо населената населба, но и на развојната зона која се создава со изградбата на нови станбени објекти и растежот на Општина Кисела Вода
Инаку, денес е 29 јуни, и денес Општина Кисела Вода го прославува својот 67-ми роденден. Целиот ден е посветен на активности во знак на манифестации и активности поврзани со роденденското одбележување. Ќе бидат наградени талентираните ученици и спортисти, како и најистакнатите наставници и воспитувачи, ќе има свечена седница на Советот, а во попладневните и вечерните часови, низа културно-забавни случувања. Од 18 часот во паркот Шопен, хуманитарна коријада од страна на Здружението на пензионери од Кисела Вода, каде во соработка со Црвен крст-Кисела Вода, лекарски тим бесплатно ќе мери притисок и ќе испитува шеќер во крвта. Од 20 часот, во паркот Македонија, веднаш до домот на културата Билјана Беличанец ќе се одвива свеченото отворање на културното лето и првата концертна вечер на која настапуваат Филип Шурбевски-ЕЗГИЈА КВАРТЕТ, Ефто Пупиновски и Влатко Лозановски-ЛОЗАНО-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ги покани присутните граѓани, но и сите жители на Општината да бидат дел од роденденската прслава и од Културното лето.
Извор: Општина Кисела Вода