Заменик министерката Христина Оџаклиеска учествуваше на министерската тркалезна маса во рамки на 11-тиот Светски форум за урбанизам WUF11 – cities of the future на која се разговараше за националните политики за трансформација на нашите градови преку одржлив развој.
Во своео обраќање Оџаклиеска информираше за активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија во правец на планирање на просторот. При тоа спомена дека:
- Во 2020 година е усвоена новата Методологија за изработка на Просторни планови.
- Новиот Просторен план за Република Северна Македонија (2020-2040) е во фаза наизработка.
- Согласно новата методологија, климатските промени ќе бидат предмет на детална разработка во сите одделни поглавја на Просторниот план на државата.
- Просторното планирање базирано на принципите на одржливиот развој ќе даде насоки за одржливо планирање на просторот во нашите градови и села.
На настанот учествуваа министри и високи претставници на националните влади и регионалните политички тела од целиот свет, со цел да се подигне дебатата за одржлива урбанизација и да се забрза имплементацијата на Новата урбана агенда за поддршка на целите за одржлив развој и другите глобални агенди.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање