На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржа во Прага, Чешка, нашиот каратист Љупчо Михајлов освои бронзен медал.
По тој повод директорот на Агенција за малади и спорт Мојсовски му посака уште многу успешни натпревари и првенства на младиот каратист. Во знак на благодсарност за овој голем успех му врачи плакета за постигнатиот успех.
Воедно директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски им искажа благодарснот на сите спортисти кои не прават горди со своите европски и светски достигнувања.
Извор: Агенција за млади и спорт