spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКовачевски е ист како Заев, им го продолжува мандатот на судиите и...

Ковачевски е ист како Заев, им го продолжува мандатот на судиите и јавните обвинители за да може непречено да продолжи со криминалот

Власта на СДСМ и ДУИ целосно го партизираат правосудството и преку измени на Законот за работни односи сака да им го продолжи мандатот на своите политички извршители.

Впрочем, насилното и недолично однесување на пратениците од владејачкото мнозинство на комисијата за европски прашања, ставањето на европско знаменеце на законот, недозволување на пратениците од опозицијата да дискутираат, е само уште една потврда дека владата на СДСМ и ДУИ им го продолжува мандатот на судиите и јавните обвинители за да може непречено да продолжат со криминалот како и до сега.

Ковачевски сака целосна контрола врз судството и јавното обвинителство.

СДСМ и ДУИ се  на страната на криминалот и корупцијата, и токму поради тоа им го продолжува мандатот на партиските војници во судските органи.

Ковачевски е ист како неговиот шеф Заев, и сака на насилен начин да го продолжи мандатот на судиите и обвинителите кои до вчера носеа пресуди во корист на власта, занемарувајќи ја вистината изнесена преку материјални докази и факти.

Јавноста е сведок дека до сега нема ниту една правна разрешница за криминалот на високите владини и партиски функционери на СДСМ и ДУИ.

Токму поради ова е ниската доверба од 8 проценти од страна на граѓаните во правосудниот систем во државата.

Судството и јавното обвинителство се под партиска капа и идеолошка контола на владата на СДСМ.

Ова е е најфлагрантното и најбруталното кршење на демократските процеси, а владата директно го урива уставниот поредок преку мешање на извршната во судската власт.

Потребни се промени.

Единствен излез од ваквата состојба се предвремени парламентарни избори.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте