spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски јавно призна дека е против ЕУ

Мицкоски јавно призна дека е против ЕУ

Денеска Христијан Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.

Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.

Денеска Мицкоски дејствуваше заедно со својот коалициски партнер Левица предводена од Димитар Апасиев која е единствената партија со отворена поддрка за руската агресија врз Украина.

Лажните вести што синхронизирано се шират овие денови на дело ја потврдија и анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Мицкоски и Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.

Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации се уште е во тек со сите политички и општествени чинители.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...