ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле беше направена донација од ПроКредит Банка – Скопје. На денешната средба на Директорката на Заводот Асие Пашоли и претставниците на банката беше потпишана донација на музички инструменти: пијано, 2 виолончела, мандола, гитара и друго. Инструментите се наменети за креативната терапија на лицата со попреченост за стекнување на нови вештини и надминување на предизвиците во делот на комуникација и ресоцијализација.
Претставниците на ПроКредит банка изјавија дека со ваквиот чин ја поддржуваат идејата за едно општество за сите и дека ќе продолжат да ја насочуваат енергијата за чекор напред кон исполнување на таа цел. „Музиката има позитивно влијание и придонесува кон развојот на децата, овозможува полесна комуникација и значително го подобрува нивното расположение.
Ми претставува задоволство што на корисниците тука ќе им се даде прилика за различност во нивните активности кое исто така ќе ја подобрува и нивната социо-емоционална состојба“ рече директорката. Пашоли истакна дека процесот на деинституционализација продолжува и се заблагодари на сите чинители од приватниот сектор кои што со вакви активности придонесуваат кон унапредување на животот на лицата со попреченост.