spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на Министерката Тренчевска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари...

МТСП: Средба на Министерката Тренчевска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вчера се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на која се зборуваше за потребата од унапредување на социјалната и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и заштита на нивните работнички права.

 

Од страна на претставниците на ССНМ беа посочени предизвиците со кои се соочува оваа фела, условите за работа, работата во смени и прекувремена работа, работа вонедела-ден на неделен одмор, исполнителноста на обврските од страна на работодавачите на договорите за вработување и потребата од предвремено пензионирање односно од бенефициран стаж. На состанокот беше отворено и прашањето за правото на штрајк кое во моментов, според претставниците од ССНМ, има одредени ограничувања.

Министерката Тренчевска истакна дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за соработка за медиумските работници и сите засегнати страни при подготовка на измените и дополнувањата на нацрт верзијата на Законот за работните односи, со кои заштитата и почитувањето на работничките права се става на повисоко ниво. Притоа, таа најави и отворање на широка јавна дебата во која ќе бидат повикани сите засегнати страни.

Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна отворена соработка , која има за цел надминување на предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте