Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик.
На детското игралиште во Ајватовци реконструирани се две лулашки и нишалка и во населеното место Бунарџик исто така реконструирани се две лулашки и нишалка. Во Бунарџик кај Домот на културата извршена е реконструкција и на четири клупи.
Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките детски игралишта во сите населени места, со цел децата од општина Илинден да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат и забавуваат.
Извор: Општина Илинден