spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во Сарај се отвара дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски -...

МОН: Во Сарај се отвара дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование

Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022-2023 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај.

Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај и истата ќе функционира во склоп на основното општинско училиште „Дитурија“.

Иницијативата е покрената со цел да се излезе во пресрет на младите од оваа општина, кои секоја година покажуваат поголем интерес за вклучување во музичкото образование. Во новата учебна 2022-2023 вкупно 8 ученици се запишаа во државниот музичко балетски училишен центар, но наместо секојдневно да патуваат, а воедно и со цел да се намалат трошоците и грижите на нивните семејства, тие наставата ќе ја следат во својата општина и населено место.

Министерството за образование и наука ја оцени оваа иницијатива како корисна и даде поддршка за нејзината имплементација, која пак, не предизвикува фискални импликации по државниот буџет.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...