spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот–стани згрижувач!“

МТСП: Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот–стани згрижувач!“

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Неготино која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот–стани згрижувач!“, која започна на почетокот на месец јуни и има за цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.

 

Кампањата е организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Заменик министерот Хусејин во своето обраќање истакна дека кампањата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да поттикне што поголем број граѓани да станат згрижувачи на деца без родителска грижа за да може секое дете да расте во безбедно семејно опкружување исполнето со љубов.

„Оваа кампања е продолжување на процес кој државата започна да го спроведува во 2017 година кога се спроведе траснформација на сите големи институции кои згрижуваа деца се со цел на децата да им се обезбеди посоодветна грижа и средина за раст и развој преку нивно згрижување во семејства кои функционираат во својата локална заедница”, рече Хусејин.

Во земјава имаме околу 350 згрижувачки семејства кои се грижат за 600 корисници (деца).

На крајот од своето обраќање, заменикот министер рече дека во државата се потребни поголем број на згрижувачки семејства за да може секое дете кое има потреба да биде згрижено во семејна средина и токму затоа уште еднаш упати апел до сите граѓани кои ги исполнуваат условите за згрижувачко семејство да се пријават.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте