Ковачевски и Османи да не го кријат протоколот, тој значи бугаризација на државата, народот е против тоа.
Владата прво кажа дека ќе го објави, а сега веќе втора недела не го објавува протоколот.
Предлогот кој власта сака да го помине низ Собрание е на штета на македонските национални интереси.
Секој ден десетици илјади луѓе кажуваат не за бугаризација и асимилација. Академската заедница, новинарите, колумнистите, сите се гласни и јасни дека предлогот кој владата сака да го турка во Собрание ги негира македонскиот јазик и идентитет.
Со предлогот и се дава право на Бугарија и да ги пишува учебниците по историја во Македонија и да ја блокира земјата на патот кон ЕУ, ако нешто не и се допаѓа.
Владата не води грижа за македонските интереси, тие само сакаат да добијат сликање во Брисел, и да ја остават Македонија потоа со еден тон проблеми.
Власта не смее да го игнорира народот. Предлогот мора да го отфрли, и да не се користат пратениците од мнозинството да гласаат нешто што е на штета на Македонија.
Извор: ВМРО ДПМНЕ