spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Заврши Јавниот повик за субвенционирање набавка на велосипеди и тротинети

Аеродром: Заврши Јавниот повик за субвенционирање набавка на велосипеди и тротинети

Општина Аеродром ги информира граѓаните дека поради огромниот интерес и исцрпувањето на средствата, заврши Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди и електрични тротинети што беше објавен на 4 јули. 

Уште од првиот ден за субвенции се пријавија голем број граѓани, а Комисијата во наредните денови ќе ги разгледа сите поднесени барања и наскоро ќе ги извести сите кои ќе добијат надоместок на средствата. 

Инаку, субвенциите од оваа година се проширени и за првпат се однесуваат и на електрични тротинети. Апелираме на што почесто користење на алтернативните средства за превоз и давање индивидуален придонес во заштитата на животната средина.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...