Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески и органзизаторот на овогодишното издани на продукцијата Арт 10 Пиво Фест 2022, вчера пред новинарите изјавија дека се’ е максимално подговено за 18 -то издание на најголемиот фестивална пивото и скарата во Македонија и на Балканот, Пивофест 2022 .
„Мора да признаеме дека овој „Пиво фест„ со сите овие политички сличувања, здравствената криза, енергетската, економската криза, беше под знак прашање дали ќе се одржи , но ете за краток период го организиравме и се надевам дека ќе го врати сајајот кој го имаше на туристичката фестивалска мапата, на најубави фестивал во Македонија и на Балканот. Обезбедена е одлична музичка програма, градот е подготвен да ги прими сите посетители кои со своите автомобили ќе пристигнуваат на фестивалските денови, а, во однос на јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП ,Прилеп ќе биде организационо беспрекорен. Во контекст на тоа очекуваме 100 -ци илијади, гости во 4-те фестивалски денови.
Тоа е бројка за почит и е добра за подобрување на локалната економија, бидјеќи посетителите ќе ги посетат старата прилепска чаршија каде има голем број трговски и занатечкси дуќани , тука се културно -историските спомеици вредни за посета; се разбрира во овој период драги гости се и нашите иселеници од странство кои ја посетуваа Македонија, и кои токму во овој период, по Петровден, ги планираат своите одмори и ни се дрги гости на Пиво фест. Локалната самоуправа и Советот на Оптшина Прилеп, годинава. се потрудија да се продолжи работното време на угоститлските објекти и со тоа Прилеп е подготвен за една од најголемите забави кои ќе се случат во Македонија, а воедно, дел од собраните средства од паркинзите, Советот на Оптшина Прилеп едногласно одлучи да се користат и за хуманитарни цели, што е нов белег на овој 18-ти полнолетен Пиво фест“ истакна градоаначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. „Пиво фест“ 2022 ќе се одржи од 14 до 17 јули.
Извор: Општина Прилеп