Се известуваат жителите на Башино Село дека од денеска, 08 јули 2022 година започнуваат градежни работи за реконструкција на дел од улицата Браќа Петкович и тоа на потег од училиштето до трафостаницата. Изведувач на градежните работи е фирмата „Битем“ од Скопје.
Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација, машини и камиони, затоа се замолуваат жителите на споменатата улица да ги тргнат своите возила од улицата за да може градежните работи непречено да се изведуваат.
Реконструкцијата на дел од улицата е предвидено да трае околу 20 дена, во зависност од временските услови.
Извор: Општина Велес