Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Прашање: Ваш коментар за вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека неговите пратеници имаат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставни измени?
Одговор: Класична фарса видовме вчера и уште една манипулација на Мицкоски, не само со граѓаните туку и со членството на партијата. Она што сите го видовме во овие изјави за кои што Мицкоски тврди дека се заверени на нотар е тоа што во нив според правниците кои веќе дадоа свое мислење има низа правни недостатоци, што би значело дека тие се неважечки, незаконски и противуставни. Ова уште еднаш ја покажува очајната манипулација на Мицкоски исто како и со маиците кои ги носеа и пишуваше на нив, не, а ги повикуваа граѓаните на протест и го поделуваа народот за вчера да видиме дека во Собранието не се изјаснија никако. Кого манипулира Христијан Мицкоски? Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави.
Извор: СДСМ