spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата со поддршка за придружувањето на Финска и Шведска во НАТО-Предлог-законите за...

Владата со поддршка за придружувањето на Финска и Шведска во НАТО-Предлог-законите за ратификација на Протоколите за членство во НАТО, испратени во собраниска процедура

Владата на Република Северна Македонија ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон Северноатлантскиот договор и нивно членство во НАТО.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на Република Финска и Кралството Шведска за нивно членство во Северноатлантската Алијанса.

Протоколите  кон Северноатлантскиот Договор во врска со  пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО.

Република Северна Македонија даде целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, поддржувајќи го натамошното проширување, како и зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска  во Северноатлантската Алијанса оценувајќи го како важен чекор и придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи го предвид неоправданиот воен напад на Украина од страна на Руската Федерација.

Шведска и Финска имаат развиено многу високо ниво на соработка со НАТО и нивното членство ќе ја зајакне политичката сила на Алијансата, а со нивниот прием Алијансата демонстрира единство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...