spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на вицепремиерот Маричиќ со претеникот во Бундестагот, Ахмедовиќ

Средба на вицепремиерот Маричиќ со претеникот во Бундестагот, Ахмедовиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Адис Ахмедовиќ, во присуство на амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн и директорот на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), Рене Шлее, на која беше потврдено дека нè очекуваат во Европската Унија и дека на тој пат нашето партнерство ќе се зајакнува уште повеќе за време на процесот на преговори.

Вицепремиерот Маричиќ се согласи со гостите дека Северна Македонија одамна заслужува да ги започне преговорите со ЕУ и дека ова е идеална можност да го започнеме процесот со прифаќање на овој европски предлог, кој ги заштитува македонскиот јазик и идентитет.

Соговорниците истакнаа дека во овој момент потребно е државнички и одговорно да донесеме одлука која ќе значи реформирано општество и држава која станува членка на ЕУ и која целосно ги стекнува сите права и обврски, но и бројни придобивки.

На средбата вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за недвосмислена и континуира поддршка која ја добиваме целиот период од Сојузна Република Германија за нашите евроинтеграции, како и за помошта во забрзување и реализација на нашата реформска агенда.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...