spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АФПЗРР: Соопштение

 

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес – конференција го најавија јавниот повик за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи – препознатлива во јавноста како Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата.

 

Јавниот повик ќе трае 45 дена, односно до 06.09.2022 година, а неговата буџетска рамка изнесува 5 милиони евра, со можност за зголемување на поддршката во текот на јавниот повик. “Овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на млечни продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино. Сите заинтересирани апликанти можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производтво и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производтство на енергија за сопствени потреби.

 

Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија. Финансиските средства по поединечен корисник се доделуваат како неповратна финансиска поддршка , односно грант во висина од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестицијата – образложи првиот човек на АФПЗРР Бачовски. Сите потребни обрасци и упатства може да се превземат од веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( ipardpa.gov.mk )

 

Апел од директорот на АФПЗРР до корисниците да внимааат на комплетноста и соодветноста на нивната документација.

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...