Започнаа подготвителните активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница како иницијатива за подобрување на условите за живеење во руралните средини која произлезе од самите локални чинители и жители од општина Конче.
Овие активности заеднички се спроведува од страна на ЛАГ Плачковица, општина Конче, ЈКП Лакавица и трговското друштво ЕЛДИСИ од с.Лубница. Екипите на ЈКП Лакавица извршија расчистување и подготовка на теренот за спроведување на партерното уредување на сретсело во Лубница.
Оваа иницијатива е дел од проектот на УСАИД “Програма за развој на заедниците” кој го спроведува Мрежата за рурален развој на Македонија (МРР на РСМ) во партнерство со ЛАГ АБЕР 2015, ЛАГ БЕЛАСИЦА-ОГРАЖДЕН, ЛАГ БОЈМИЈА, ЛАГ МАЛЕШ-ПИЈАНЕЦ и ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА.
Извор: Општина Конче