Со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето, Општина Илинден го модернизира и реконструира водоводниот систем.
Во должина од 600 метри екипите на ЈКП „Водовод” завршија со дислокацијата на дел од главната водоводна мрежа на потегот н.м. Марино – Кадино, притоа се изврши замена на старите ПВЦ цевки со нови Полиетиленски цевки.
Модернизирањето на водоводната мрежа е со цел да се обезбеди поголем квалитет во водоснабдувањето во населените места Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци и Бучинци.
Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем и во другите населени места.
Извор: Општина Илинден