spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ќе се применува методологија за Европско енергетско признание

Карпош: Ќе се применува методологија за Европско енергетско признание

Општина Карпош, како пилот општина во рамки на проектот „The Excite project: the European Energy Award in Central and Eastern Europe“ учествуваше со свој претставник од енергетскиот тим на студиска посета, која се одржа од 18 до 21 јули во Романија.

Проектот „Excite – Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа“ има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа, преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ЕЕА – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020, а истиот се  спроведува во Бугарија, Австрија, Романија. Франција, Словенија, Украина, Швајцарија и Македонија. Во нашата држава се спроведува од страна на Хабитат Македонија во општините Карпош, Кочани и Кичево.

На студиската посета присуствуваа партнерите од конзорциумот на проектот, пилот општините и меѓународните консултанти за Европското енергетско признание (EuropeanEnergyAward – ЕЕА). Цел на оваа студиска посета е да се запознаат претставниците од енергетските тимови на пилот општините со теоретски и практични знаења и искуства поврзани со ЕЕА методологијата.

Покрај едукативниот дел за кој се реализираа сесии за обука, се реализираше и посета на три општини Клуж Напока, Турда и Алба Иулиа кои веќе ја имаат имплементирано и сертифицирано ЕЕА методологијата и од тоа имаат забележителни придобивки манифестирани како заштеда на енергија и намалени емисии на јаглероден диоксид и други параметри за превенција и заштита од климатски промени.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...