spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Одбојкарите Жарко и Лука Ристоски на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Кисела Вода: Одбојкарите Жарко и Лука Ристоски на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Кисела Вода имала и се’ уште има талентирани спортисти кои бележат интернационални успеси. Ваква е професионалната приказна на Жарко Ристоски, поранешен капитен и селектор на македонската одбојкарска репрезентација. Тој, заедно со својот син, Лука, кој успешно ги следи стапките на татко си, беше гостин на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Најпрво градоначалникот му го честиташе големиот успех остварен во Катар. Имено, Жарко Ристоски заедно со екипата на “Ал Рајан”, каде што е тренер во иминатата година, во Доха го освоија катарското првенство, катарскиот куп и арапското клупско првенство. Веќе му е обновен договорот на уште една година, а претходно три години беше селектор и на репрезентацијата на Саудиска Арабија, клупски тренер во Кипар, во Швајцарија и Либан, како и на македонската одбојкарска репрезентација.

Со градоначалникот Ѓорѓиевски дискутираа и за развојот на македонската одбојка на локално ниво, бидејќи Ристоски, и самиот oд Кисела Вода, е сопственик на одбојкарската школа “Бест Волеј” која функционира во оваа општина. Истакнати членови од ова спортско училиште се дел од македонската женска одбојкарска репрезентација и како што беше истакнато од соговорниците, потенцијалот со кој располага општината треба и мора да биде искористен и вреднуван.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека Кисела Вода посебно внимание им посветува на младите таленти, кои се перспективата на квалитетниот спорт во Македонија. Со Лука Ристоски разговараа околу потребите што ги имаат младите спортисти и поддршката во искористувањето на можностите за личен развој. Овој петнаесетгодишник, до скоро беше ученик во ООУ Кирил Пејчиновиќ, а одбојка тренира од својата шеста година. Досега им настапувано за Омонија-Кипар, Шоненберг-Швацарија а сега, за првпат доби повик да биде дел од тимот од страна на селекторот на кадетите на македонската одбојкарска репрезентација, Ване Санев. Паралелно, во наредниот период ќе игра и за јуниорската репрезентација, а талентот пак, за математиката и природните науки ќе го развива во приватната гимназија “Алгоритам”.

Средбата беше заокружена со повеќе идеи за развојот на македонската одбојка на локално ниво, како и за желба за нови успеси на семејството Ристески кои години наназад се амбасадори, не само на Општина Кисела Вода, туку и на цела Македонија.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...