spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Исаки- Брнз

МНР: Средба Исаки- Брнз

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес оствари средба со  амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мери Брнз.

Главна тема на средбата беа активностите околу организирањето на претстојната конференција „Жени во надворешната политика“ која ќе се одржи на 13 и 14.октомври во Скопје и на која се очекува присуство на високи функционери од поголем број држави. Се разговараше за панелите на оваа Конференција, кои ќе имаат заедничка тема : како да се зголеми улогата и влијанието на жените во надворешната политика, особено во сегашната кризна состојба.

Заменик министерката Исаки и амбасадорката Брнз се согласија дека ова е исклучително важна тема за која досега малку е дискутирано, а поголемиот број влијателни жени во надворешната политика  може да има многу позитивно влијание врз меѓународните односи.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...