Малтретирањето на членовите на Левица покажува дека врховистичката СДС ја изгубија довербата на народот и дека се спремни да употребат сè, само да си ги задоволат своите лични политички интереси на штета на македонскиот народ.
Од блиски извори на МВР, Левица дознава дека како главен организатор на предизвикувањето на инцидентот на Мечкин Камен, на 2-ри Август, е токму командирот на полициската станица во Прилеп, Дарко Цуцулоски.
Цуцулоски е назначен како наследник на Кире Спиркоски – Чипсио, кој беше уапсен при нелегален транспорт на марихуана вредна над 800.000 евра, случај за кој сè уште нема никаква разрешница.
На 12-та седница на Советот на Општина Прилеп, советниците од редовите на Левица, јавно го искритикуваа командирот Цуцулоски дека неговата диплома е фалсификувана и посочија дека неговото работно досие до сега вклучува многу случаи избришани од билтенот на МВР, случки кои не се заверени и разрешени.
Се поставува прашањето дали командирот Цуцулоски го сценираше инцидентот на 2-ри Август за очајно да си го задржи своето работно место и да покаже власт над гневниот народ кој присуствуваше на славењето на Илинден?
Сметаме дека ваквото однесување не е ниту етично,ниту достоинствено, а најмалку законски и јавно го повикуваме командирот Цуцулоски да даде отказ од функцијата командир.
Го повикуваме јавно и министерот Оливер Спасовски да не се крие од јавноста и да одговори зошто цивилни лица бараа да се легитимираат членови на раководни тела на Левица и дали истите незаконски беа ставени во служба на полициските структури?
Извор: ЛЕВИЦА