Вечерва во НУ Музеј-Куманово беше отворена изложба на дела од интернационалната Ликовнаколонија “Куманово 2021”, која е една однајстарите Ликовни колонии во нашата држава.
Истата се спроведува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерство за култура на РСМ, во соработка со НУ Музеј– Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт.
Повеќе од 30 ликовни дела на академски ликовни уметници ги поврзаа државите: РСМ, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, докажувајќи дека ликовната уметност е одраз на возвишеното и универзалното.
Таа ја одржува комуникацијата, негувајќи ги вистинските вредности на секоја држава. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Општина Куманово нема да застане во намерата и можноста преку областа на културата да се поврзуваме со различни народи и традиции, кои ќе донесат уште поуспешни соработки, нови културни манифестации и изложби.
Извор: Општина Куманово