spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Изложба на дела од интернационална Ликовна колонија “Куманово 2021”

Куманово: Изложба на дела од интернационална Ликовна колонија “Куманово 2021”

Вечерва во НУ Музеј-Куманово беше отворена изложба на дела од интернационалната Ликовнаколонија “Куманово 2021”, која е една однајстарите Ликовни колонии во нашата држава.

Истата се спроведува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерство за култура на РСМво соработка со НУ Музеј– Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт.

Повеќе од 30 ликовни дела на академски ликовни уметници ги поврзаа државите: РСМ, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, докажувајќи дека ликовната уметност е одраз на возвишеното и универзалното. 

Таа ја одржува комуникацијата, негувајќи ги вистинските вредности на секоја држава. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. 

Општина Куманово нема да застане во намерата и можноста преку областа на културата да се поврзуваме со различни народи и традиции, кои ќе донесат уште поуспешни соработки, нови културни манифестации и изложби.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...