HomeОпштиниЃорче Петров: Се реконструира улица 60 во Волково

Ѓорче Петров: Се реконструира улица 60 во Волково

spot_img
spot_img

Во тек е реконструкцијата на улица 60 во Волково, проект што Општина Ѓорче Петров го реализира во соработка со Град Скопје, со цел подобрување на инфраструктурата и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Во рамки на активностите, беше извршен увид во текот на реконструкцијата од страна на градоначалникот Александар Стојкоскил, при што беше потенцирана важноста од континуирано вложување во уличната инфраструктура и решавање на потребите на жителите.

Уредената и функционална улична мрежа е значаен предуслов за побезбедно и полесно движење, како и за подобрување на секојдневието на семејствата кои живеат во оваа населба.

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на инфраструктурни проекти во соработка со Град Скопје, со јасна определба за рамномерен развој на населените места и создавање поуредена, пофункционална и попријатна општина за сите граѓани.

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Илинден: Изградба на нов парк во населеното место Дељадровци

0
Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за уредување и разубавување на јавните површини, со цел создавање поквалитетни услови за живот, рекреација и дружење...