Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 24-896/2 од 25.07.2022 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува Јавниот повик за 4 учесници на контакт семинар на тема:
Научи за партнерства за соработка од мал обем
06 – 08 ноември 2022 година, Копенхаген, Данска
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Данска, објавува јавен повик за учество на 4 учесници на контакт семинарот “Научи за партнерства за соработка од мал обем” Овој контакт семинар е меѓусекторски за училишно и стручно образование, образование за возрасни и млади и од исклучителна важност е застапеноста на сите сектори на истиот согласно препораките од организаторот. Приоритет на семинарот ќе биде раст на квалитетот на имплементација на програмата 2021-2027 година.
Контактниот семинар е наменет за нови корисници на програмата кои имаат или малку или никакво знаење за истата. Основна цел на семинарот е да им се помогне на новите заинтересирани да се стекнат со нови знаења, да ги надминуваат почетните предизвици при што ќе се запознаат со организации на исто ниво, ќе работат на тематски работилници како и општо знаење за управување со проекти. Предвивените активности се однесуваат на заеднички презентации за програмата Еразмус+ 2021-2027 година, а особено за партнерствата од мал обем, управување со проекти итн., потоа специфични сесии по сектори, како и тематски сесии за хоризонталните приоритети на програмата По завршување на семинарот учесниците ќе се стекнат со:
– Повеќе знаења за програмата Еразмус+ и партнерствата од мал обем,
– Можности да најдат потенцијални партнери за идни проекти (вмрежување),
– Споделување и развој на потенцијални проектни идеи.
Овој контакт семинар треба да даде одлични можности за потенцијалните нови корисници на програмата во продлабочување на нивните Еразмус+ знаења посебно во полето на акција К2 и потенцијал да развијат проектни идеи и да аплицираат во иднина со конкретни проекти во програмата. ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ: Обуката ќе се реализира во периодот од 06 – 08 ноември 2022 година (06-ти ноември е ден на пристигнување, 08-ти ноември е ден на заминување после 17 часот)
Принципот на покривање на трошоци е следниот: Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци. Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01); Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест) Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Букурешт, Република Романија. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн. Крајниот рок за поднесување на апликации е 18.09.2022 година до 12 часот на пладне.
Линк за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/DK01_0307_TSS_2022
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност