По член 51 став 2 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/18) и членовите 8, 9, 10, 11, 16, 17 и 18 од Правилникот за Стандарди и постапка за надворешна евалуација и самоевалуација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 153/22), отворен е повик за избор на странски експерти за спроведување на надворешна евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија.
Отворениот повик за избор на странски експерти за спроведување на екстерното оценување на високообразовните установи и студиските програми во Република Северна Македонија ги опфаќа следните критериуми:
– лицата да се странски државјани;
– да се избрани за редовен професор или вонреден професор на акредитиран универзитет во земја – членка на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование;
– да вимаат претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во најмалку две земјите членки на Европската Унија и
– да има познавање на англиски јазик.
Отворениот повик се објавува за следните научни области:
Природни науки – Математика, Компјутерски и информатички науки, Физички и Хемиски науки, Земјата и сродните науки за животната средина, Биолошки науки, Други природни науки. Понатаму, инженерство и технологија, Градежништво, Електротехника, електронско инженерство, информатичко инженерство, Машинско инженерство, Хемиско инженерство, Инженерство на материјали, Медицинско инженерство, Инженерство на животната средина, Биотехнологија на животната средина, Индустриска биотехнологија, Нано-технологија и други инженеринг и технологии.
Медицински и здравствени науки – Основна медицина, Клиничка медицина, Здравствени науки, Медицинска биотехнологија, Други медицински науки, Земјоделско и ветеринарни Науки, Земјоделство, шумарство и рибарство, Наука за животни и млечни производи, Ветеринарна наука, Земјоделска биотехнологија и други земјоделски науки.
Општествени науки – Психологија и когнитивни науки, Економија и бизнис, Образование, Социологија, Закон, Политички науки, Социјална и економска географија, Медиуми и комуникации и други општествени науки.
Хуманитарни науки и уметности – Историја и археологија, Јазици и литература, Филозофија, етика и религија, Уметност (уметност, историја на уметност, изведувачки уметности, музика) како и други хуманитарни науки.
Краен рок за аплицирање е 18 септември 2022 година.
Повеќе околу правата и обврските како и начинот на аплицирање апликантите ќе може да погледнат на сајтот на Агенцијата за квалитет во високото образование.