spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими со експертите за даночната реформа – Инклузивноста и транспарентноста е...

МФ: Бесими со експертите за даночната реформа – Инклузивноста и транспарентноста е најважна во процесот на дефинирање на крајните решенија

Експертската јавност денеска беше дел од серијата состаноци што Министерството за финансии ги организира во рамки на јавната дебата за даночната реформа. Концептот на даночни реформи, кој е работен во изминатиот период, и кој треба етапно да се имплементира во периодот 2023-2025 година, министерот за финансии Фатмир Бесими го претстави пред експерти, декани, ректори и професори од универзитетите во земјава. Порача дека транспарентноста и инклузивноста е клучна во овој процес, кој треба да креира праведен, правичен, ефикасен и современ даночен систем, а тоа да овозможи економски развој.

„Во овој процес на дебата, концептот на даночната реформа досега го претставивме пред бизнис заедницата, невладиниот сектор, деловни асоцијации,  консалтинг компании и други, кои дадоа конструктивни предлози и позитивен придонес во овој процес. Тоа го продолжуваме денеска со вас, експертската јавност, чија вклученост е многу значајна, имајќи ги предвид вашите познавања и искуство. Сите аргументи се добредојдени, а крајната цел е да ги дефинираме решенијата заедно, затоа што тие се однесуваат на сите во општеството“, рече министерот на состанокот.

Тој истакна дека ова е процес кој е дел од концептот СМАРТ финансии, со кој претходно се утврдија правилата на расходната страна. Со Законот за буџети се дефинираат правила и се воспоставува механизам за контрола на трошењата на парите кои ќе се слеат во буџетот. „Тоа е поврзан систем, се подобрува ефикасноста и на двете страни и на приходната и на расходната страна, затоа што граѓаните бараат одговорност во трошењето на парите што се собираат во буџетот преку утврдената даночна политика“, рече министерот.

Паралелно со овие процеси, се преземаат активности и за зголемување на капацитетите на институциите за поефикасно прибирање на приходите и намалување на сивата економија. Со ова ќе се обезбеди зајакнување на праведноста и правичноста на даночниот систем, затоа што на овие аспекти не треба да се гледа само од премисата дека оној што има повеќе и треба да плати повеќе, туку праведноста се гледа и во тоа да  оние кои не се досега дел од системот, да станат дел од истиот и со тоа да го понесат својот, правичен дел од даночниот товар. Важна улога во ова ќе одигра и понатамошната дигитализација на процесите во даночната и царинската администрација, за кои веќе е утврдена динамика на реализација за да може да се одвиваат заедно со даночната реформа. Во таа насока во Управата за јавни приходи се подготвува теренот за воспоставување на е-фискализација и е-фактура, а се преземаат активности и во Царинската управа.

На состанокот, како и на претходно одржаните, беа изнесени повеќе размислувања во однос на концептот на даночната реформа, кои ќе бидат земени предвид при креирање на конечните решенија. Дополнително во овој процес, заинтересираните страни, свои мислења и сугестии може да достават и електронски преку веб страницата на Министерството за финансии и на е-маил адресата danocnareforma@finance.gov.mk.  Јавната дебата продолжува и во наредниот период со состаноци и со останатите чинители во општеството.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...