spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Музичка и видео разгледница на Бат Јам

Битола: Музичка и видео разгледница на Бат Јам

Во Офицерскиот дом во Битола, како што беше најавено на средбата помеѓу градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила, се одржа настанот „Бат Јам – ќерката на морето“, своевидна музичка и видео разгледница, преку која беше претставен израелскиот град Бат Јам, во изведба на гостите од Израел.

Пред присутните се обратија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот на Бат Јам, Ури Бускила. Тие уште еднаш ја потенцираа заедничката заложба за продлабичување на соработката  помеѓу двата градови и целта да ги зајакнат мостовите на заедништво и соработка на повеќе полиња.

Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте