Членовите на Синдикатот на УПОЗ преку Солидарниот фонд, со поднесување на целосна документација за остварување на неповратна парична помош за прваче, ќе им биде исплатен износ во висина од 3.000,00 денари.
Потребни документи за остварување на ова право кое се остварува преку претседателот на синдикалната организација се:
- Мислење (го пополнува претседателот на синдикалната организација)
- Барање (го пополнува членот на Синдикатот)
- Потврда за упис во прво одделение;
- Копија од извод на родени за детето.
Сакаме на сите родители, членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме почетокот на основното образование на своите најмили.
Извор: УПОЗ