spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаИзгласана иницијативата за измена и дополнување на автобускиот превоз во Гази Баба

Изгласана иницијативата за измена и дополнување на автобускиот превоз во Гази Баба

Константните примедби и поплаки од страна на жителите на Општина Гази Баба во однос на јавниот транспорт конечно резултираат со промени.

Имено, советниците на Левица – Град Скопје ја изгласаа горенаведената иницијатива каде автобуската линија со број 2 ќе има последна постојка во населбата Ченто наместо досегашната во Автокоманда. Тоа значи дека автобуската линија би требало во блиска иднина да се продолжи.

Со оваа одлука голем дел граѓаните од Општина Гази Баба ќе можат да патуваат и до останатите делови од градот, особено Градската општа болница „8 Септември“, покрај другите редовни автобуски линии кои водат до Транспортен центар.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....