spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица со свои предлози на јавната дебата за даночните реформи

Левица со свои предлози на јавната дебата за даночните реформи

Политичките партии завчера беа дел од започнатиот процес на широки консултации и дебата за даночната реформа во Министерството за финансии.

Претставникот на Левица се согласи дека треба да се обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем и се задржа на првиот приоритет за поголема праведност во оданочувањето и борбата за социјална еднаквост.

Со оглед дека имаме најниски стапки на данок на доход, не смее веќе да се одложува промената. Левица се залага за повторно воведување на прогресивниот данок на доход, како данок на личен доход и данок на добивка за најбогатите слоеви во општеството.

Оданочувањето би се вршело врз основа на просечни исплатени месечни плати по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика во 4 транши со распон на даночната стапка од 10 – 40% .

Левица предлага, и понатаму да бидат ослободени од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход, трговските друштва чиј вкупен приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор не го надминува износот од 3.000.000 денари на годишно ниво, а со приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, да се пресметува данок на вкупен приход со стапка од 1%, со можност да изберат и да се определат за плаќање на данок на добивка.

Левица се залага и за прогресивен данок на добивка, во 4 транши, со распон од 10-40%. Покрај тоа, за данокот на добивка, предлага воведување на данок на експлоатација кој би се пресметувал во зависност од соодносот на трошоците за вработените и данокот на добивка, со цел, да се стимулираат работодавците да исплаќаат повисоки плати, место да бидат оданочени со овој данок.

Левица предлага ослободување од ДДВ на сите основни производи и услуги. Како индиректен данок, или данок на потрошувачка, Левица се залага за воведување на данок на луксуз.

Данокот на имот, исто така потребно е да се пресметува со прогресивна стапка. Во моментот постои само една стапка, а олеснување од 50% има кај сопствениците кои живеат во тоа живеалиште. Сведоци сме дека постојат граѓани кои поседуваат по 20-ина станови или куќи и праведно би било да се оданочуваат со повисоки стапки.

За пресметување на придонеси од задолжително социјално осигурување на договорите за дело, Левица се согласува со овој предлог, само ако со тоа се регулира и пензискиот стаж на привремено ангажираните работници, затоа што знаеме дека често се злопупотребуваат договорите за дело и траат многу подолго од законски пропишаното времетрање.

Што се однесува до сивата економија, нејзиното сузбивање може да започне веднаш и не е потребно да се чекаат даночни реформи, затоа што постојната законска регулатива го овозможува тоа.

Економската криза не ги погоди сите подеднакво. Според Извештајот на Македонска берза за финансиските резултати на котирани друштва, како и податоци и за некотираните, гледаме дека голем дел од овие компании работат со поголем профит во првото полугодие, споредено со истиот период од претходната година.

Ова наведува на размислување дека постои воено профитерство и тоа се случува во енергетскиот сектор, компании кои се занимаваат со трговија на нафта, здравствениот, фармацеутскиот и банкарскиот сектор. Ова се компании кои ги диктираат цените на домашниот пазар.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...