spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНашите пријателски земји одлучно и одговорно чекорат на европскиот пат

Нашите пријателски земји одлучно и одговорно чекорат на европскиот пат

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари билатерална средба со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, во рамки на посетата на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

На средбата беше разговарано за важноста на почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унијата, предизвиците со кои државата може да се соочи во тој процес, за поддршката и размената на искуства кои ги има Србија, како земја која преговара 8 години, и интензивирање на регионалната соработка во пресрет на зимата која доаѓа и заедничкото делување против последиците од енергетската и безбедносна криза.

– Имаме јасна цел и покрај сите предизвици со кои се соочивме, успеавме да го задржиме јасниот курс на европските интеграции. Посветени сме на европскиот пат и најодговорно продолжуваме со реформскиот процес за побрзо приближување кон членството во ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ, нагласувајќи дека идната соработка може да иницира нови предлози, за кои ќе треба заеднички да настапат пред Европската Унија.

Министерката Јоксимовиќ му честиташе на вицепремиерот Маричиќ, во нејзино лично име, но и од име на Владата на Република Србија, за отворањето на преговорите со Европската Унија и нагласи дека тоа е многу важно, за стабилноста и понатамошниот развој на регионот.

– Северна Македонија требаше да направи многу за да ја исполни таа цел. Ако некој ја разбира таа ситуација тогаш тоа е Србија, бидејќи знаеме какви препреки имаат. И политички и други барања кои воопшто не го олеснаа процесот, туку го отежнаа и одолговлекуваа, рече Јоксимовиќ.

Јоксимовиќ му понуди на вицепремиерот Маричиќ помош во евроинтеграцискиот процес, бидејќи Србија има практично искуство во преговорите со ЕУ и е првата држава која почна да отвора Кластери по новата методологија, со нови структури и нови правила за преговарања, и што е можно поскоро официјализирање на таа соработка преку потпишување на Меморандум за соработка во делот на евроинтеграциите.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...