spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Вложува во училишта кои ќе понудат квалитетни знаења и ќе создаваат...

МОН: Вложува во училишта кои ќе понудат квалитетни знаења и ќе создаваат перспективни генерации

 

Како Министерство за образование и наука, целиме да создадеме училишта во кои на учениците ќе им понудиме квалитетни знаења, услови за развивање на креативноста и истражувачкиот дух, стекнување на самостојност и самодоверба, меѓусебно почитување и изучување на културата на живеење на етникумите во земјава.

 

Ова го истакна Анета Трпевска, државен секретар во МОН, на првиот училишен час во учебната 2022-2023 година во основното училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка. Државниот секретар беше во придружба на градоначалникот на Чашка Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриу.

 

Посакувајќи им успех во образованието на сите ученици и среќен почеток на првачињата, Трпевска, посочи дека пред најмалите е период во кој ќе почнат да ги учат буквите и бројките, да стекнуваат вредности и да создаваат нови пријателства со кои ќе ги споделуваат најубавите мигови од детството.

– Ќе научите нови работи, ќе стекнете знаења кои ќе Ви бидат од големо значење во иднина, а низ сето ова патување ќе Ве водат Вашите наставници, кои беспоштедно ќе го пренесат сето знаење кое го поседуваат за да успеете понатаму во животот, рече Трпевска, посочувајќи дека учебна година започнува со физичко присуство, бидејќи местото на учениците е во училишните клупи.

 

 

Инвестираме, рече Трпевска, во повеќе сегменти на образованието – во нови наставни програми и учебници, веќе опремивме 260 кабинети по природни науки, реновираме и градиме нови училишта и спортски сали, а се погриживме и за подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар преку зголемување на платите за 15% почнувајќи од овој месец.

 

– Инвестициите во образовниот процес никогаш не престануваат, а наша обврска сега и во иднина е да бидеме во чекор со светските образовни трендови, изјави Трпевска.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...