spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Известување за корисници на ученички стипендии

МОН: Известување за корисници на ученички стипендии

Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.09.2022 и трае до 30.09.2022 година.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2022/2023 година и копија од последното свидителство.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку ученикот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат директно до Министерството за образование и наука (11ти кат, канцеларија: 1104) или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...