Во врска со објавата на АЛСАТ М Телевизија под наслов „Обвинителството за организиран криминал го истражува Фехми Стафа“ во која покрај останатото се наведува дека: „Неофицијални извори велат дека во наредните денови Антикорупциската комисија ќе поднесе кривична пријава за хонорарите што државното правобранителство и ги исплаќало на Бесмира Ејупи…“ Државната комисија ја информира јавноста дека наведената објава во овој дел е неточна и ја дементира во целост.
Имено, Државната комисија за спречување на корупцијата за својата работа редовно ја информира јавноста и своите одлуки ги донесува на седници кои се јавни и задолжително се објавувааат на ВЕБ страницата на ДКСК: www.dksk.mk.
Што се однесува до наведниот случај, во насока на вистинито информирање на јавноста Државната комисија за спречување на корупцијата нагласува дека на својата 69-та седница одржана на 01.06.2022 година постапувајќи по оформен предмет, донесе одлука, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење против Фехми Стафа, во тој момент, Државнен правобранител на Република Северна Македонија поради основи на сомненија за сторено кривично дело по член 353-в став (5) од Кривичниот законик „Несовесно работење во службата“.
Наведената иницијатива се однесува токму за случајот за кој пишува АЛСАТ М Телевизија и истата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 22.06.2022 година.