spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити одржа работен состанок со шефот на Канцеларијата на ITU((International...

МИОА: Министерот Алити одржа работен состанок со шефот на Канцеларијата на ITU((International Telecommunication Union) за Европа

На онлајн состанокот со Јарослав Пондер-шеф на Канцеларијата на ИТУ за Европа и со другите претставници на Меѓународната телекомуникациска унија, се разговараше за профилот на Северна Македонија во контекст на дигитални иновации.

Министерот Алити ја истакна важноста од досегашната соработка со ИТУ, а особено Меморандумот за соработка за „Заштита на децата преку Интернет“. Воедно изрази подготвеност како министер за информатичко општество и администрација да ги преземе неопходните чекори за создавање дигитален екосистем, кој ќе овозможи понатамошен развој и заштита.

Меѓу другото, на оваа средба се разговараше за предизвиците, можностите и приоритетите во однос на технолошката трансформација и иновациите, при што беше договорено дека ваквите продуктивни средби ќе продолжат да ги одредуваат следните чекори.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...