spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Иницијативата за референдум има правни аномалии

МП: Иницијативата за референдум има правни аномалии

Иницијативата за референдум има правни аномалии што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, изјави министерот за правда Никола Тупанчески.

Според него, пред поднесувањето на иницијативата требало да се земат предвид одредбите од Уставот, законот за референдум и Деловниот на Собранието.

„Во членот 118 од Уставот експлицитно е утврдена материјата во однос на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со закон. Особено е важна и регулативата во Законот за референдум каде во членот 24 се вели дека референдум би можел да се распише пред потпишување, односно ратификација на меѓународен договор. Во членот 28 пак, кој се однесува на Бадентеровото мнозинство исто така има релевантна одредба“

рече Тупанчески, потенцирајќи дека треба да се земат предвид и одредбите од Деловниот на Собранието при разгледувањето на иницијативата. Единствено надлежни во државата и во меѓународното право за склучување и потпишување меѓународни договори се претседателот на државата и на Владата. Приота, мора да се почитуваат обврските кои се преземени од Меѓународниот договор, а за начинот на кој може да биде раскинат сигурно е дека за тоа не е надлежно Собранието, изјави министерот за правда Никола Тупанчески пред почетокот на промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата(2022-2026) и Акциски план(2022-2023).

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...