spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

МП: Меѓународен договор не може да се суспендира со закон

„Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон“

рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Меѓународното право мора да се почитува, во спротивно според Тупанчески, тоа би довело до отворање на Пандорината кутија.

„Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон? Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори. Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави“, рече Тупанчески.

Во интервјуто за А1он,министерот посочи дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.

„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива, има две стојалишта. Да сум на местото на Џафери, би постапил исто затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа“, потенцира министерот за правда Никола Тупанчески.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...