spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПоради лошото менаџирање со енергетската криза Охридското езеро е пред хаварија

Поради лошото менаџирање со енергетската криза Охридското езеро е пред хаварија

Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја.

Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени.

Прекин на работата на пречистителната станица и пумпните станици што учествуваат во прочистувањето на водите на Охридското Езеро би значело фатална еколошка катастрофа за едно од најстарите природни езера во Европа!

Скандалозен е и молкот на министерот Нуредини за оваа сериозна закана по Охридското езеро, од каде нема никаква најава за преземање мерки за ваквата опасност.

Неспособноста и немањето стратегија на криминалната коалиција СДС-ДУИ се рефлектира во секоја сфера на општествениот живот – преку национални понижувања, економски пустош, коруптивни скандали до целосна деградација на најзначајните природни богатства.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со претседателот на Здружението на новинари...

0
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со претседателот на Здружението на новинари на Македонија , Младен Чадиковски и претседателот на  Европската федерација на...