По иницијатива на Синдикатот на УПОЗ и синдикалната организација при ФЗОМ, се одржа работна средба со Директорите на фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска – Грашкоска и Фатон Ахмети, а со цел доследна примена на Колективниот договор за вработените во Фондот за здравствено осигурување.
Од старна на Синдикатот на УПОЗ, кој беше преставуван од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на Синдикалната организација при ФЗОМ Бранко Аџигогов, беше посочено дека и покрај предвидените права од колективниот договор, одредени права и натаму не се исплатуваат односно вработените ќе бидат приморани ова право да го оставарт по судски пат.
Исто така на средбата беше отворено и прашањето за исплата на регресот за годишен одмор за 2020 и 2022 година, право кое е предвидено во КД за вработените во ФЗОМ, а исто така и во Гранскиот колективен договор. Во однос на ова прашање, директорите посочија дека имаат добра воља доследно да го применуваат колективниот договор, со оглед што правата кои им следуваат на вработените никој не може да им ги оспори.
На крајот од средбата, двете страни се договорија дека е нужно да се усогласат платите на вработените во ФЗОМ, а тоа да се овозможи преку потпишвуање на нов Колективен договор. До крајот на месец септември ќе бидат извршени финансиски анализи од страна на ФЗОМ, и ќе биде подговен нов текст на колективен договор, со што дополнително ќе се унапредат правата од работен однос за вработените во ФЗОМ.
Извор: УПОЗ