Во соработка со нашиот локален уметник Мартин Качулачки, на внимателно одбрана локација, кај градскиот стадион во Берово, деновиве започна реализацијата на моќно и креативно уметничко дело, кое ќе го краси влезот на Берово и ќе пренесува силна порака, за убаво и урбано ,,Берово во бојата на ѕидот”, како што е насловен и самиот проект.
Приказната, која е инспирација на мотиви од Берово, како и историски значајни личности, кои силно се втемелиле во македонската историја, ги поврзува најважните сегменти, по кои е познато Берово и стимулира нова урбана туристичка приказна, со впечатливи елементи, проткаени низ минатото, а силно поврзани со сегашноста.
Овој проект, е уште еден од низата проекти, за поубаво и поурбано Берово, кое нешто е приоритет изминатите години, а кое ќе го краси влезот на Берово и ќе му дава еден поразличен и повпечатлив сјај .
Вредноста на авторското дело изнесува 116.350,00 денари, од кои 45.000,00 денари се обезбедени од Министерството за култура, преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2022 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово за 2022 година.
Извор: Општина Берово