spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јули 2022 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јули 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %), Стручни, научни и технички дејности
(17.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.3 %), Рударство и вадење на камен (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 31 812 денари.

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...